Дома Фудбал Останато УЕФА ги враќа младите руски репрезентации

УЕФА ги враќа младите руски репрезентации

Од почетокот на војната во Украина во февруари минатата година, УЕФА одлучи сениорската репрезентација и сите клубови беа исфрлени од натпреварувањето.

Сепак, Европската фудбалска организација сега реши да повлече некои одлуки. На руската репрезентација за играчи до 17 години повторно и е дозволено да учествува во натпревари под надлежност на УЕФА.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


„УЕФА беше првото спортско тело кое реагираше по војната во Украина и донесе одлука за забрана во февруари 2022 година, исто така беше прекинат спонзорскиот договор со „Газпром“. Но, УЕФА исто така е свесна дека децата не би требало да бидат казнети поради потезите на возрасните, а фудбалот не би требало да престане да испраќа пораки на мир и надеж“, стои во соопштението на УЕФА.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Еден од отпишаните во Манчестер Јунајтед најде нов клуб, преговорите се веќе во тек

Неколку играчи до крајот на летниот преоден рок сигурно ќе го напуштат Олд Трафорд, а Манч…