„Многу наскоро во тимот ќе го имаме Мартин Одегард“, најави тренерот на фудбалерите на Арсенал, Микел Артета.
Во септември норвешкиот играч од средниот ред го повреди скочниот зглоб, а и покрај тоа што не беше со тимот, Арсенал донекаде го задржа чекорот во Премиер лигата со Манчестер Сити и Ливерпул кои се на првите две места на рангирањето.
Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
„Одегард тренира последните неколку недели. Интензитетот на тренинзите се зголемува и искрено се надевам дека ќе биде целосно подготвен, можеби и пред репрезентативната пауза“, изјави Артета.
Ова би требало да значи дека има шанси 25-годишниот Одегард да игра на 10 ноември кога Арсенал гостува кај Челзи во 11. коло од Премиер лигата.
Арсенал е на третото место и има 18 бодови. Пред него се Манчестер Сити со 23 и Ливерпул со 22 бода.