Тренерот на ПСЖ, Томас Тухел иронично ја коментираше ситуацијата со напаѓачот Едисон Кавани.
Договорот на Кавани истекува на крајот на сезоната, Уругваецот веќе има договор со Атлетико Мадрид и направи се за да се пресели во Мадрид уште во јануари.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Меѓутоа двата клуба не можеа да најдат заеднички јазик околу обештетувањето, па Кавани ќе остане во Париз до крајот на сезоната.
„Има и полоши ситуации во животот од тоа да останеш да бидеш напаѓач на ПСЖ. Тој набрзо повторно ќе се почуствува важен, но треба да го врати ритамот и формата. Нема да има промени во овој трансфер прозорец и добро е што Кавани ќе остане со нас“, изјави Тухел.
Tuchel on Edinson Cavani: "There are worse things in life than remaining one of PSG's attackers!" #PSGMHSC
— Jonathan Johnson (@Jon_LeGossip) January 31, 2020