Дома Фудбал Англија Тухел искрено за Левандовски и Роналдо

Тухел искрено за Левандовски и Роналдо

По потпишувањето на Рахим Стерлинг, менаџерот на Челзи, Томас Тухел, истакна дека засега нема намера да ангажира друг напаѓач.

Тухел беше прашан за можен ангажман на Кристиано Роналдо или Роберт Левандовски, играчи кои се поврзуваат со трансфер на „Стенфорд Бриџ“.


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


„Не би ја исклучил опцијата да земеме нов централен напаѓач, но засега тоа не е наш приоритет. Нашата главна цел сега е да ја засилиме одбраната и тоа не е тајна. После тоа ќе видиме какви други опции има“, изјави германскиот стратег.

„Се бориме против двата најсилни тима Манчестер Сити и Ливерпул, но и Тотенхем досега води многу активна трансфер политика. Тие веројатно моментално го имаат најсилниот тим што некогаш го имале и го имаат еден од најдобрите менаџери во светот. Во исто време, Манчестер Јунајтед никогаш не бил срамежлив да донесе ново засилување, а Арсенал исто така направи неколку солидни влезни трансфери. Затоа мораме да продолжиме да бидеме на ниво“, изјави Тухел.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Палмер прави чуда, четири гола за 20 минути

Челзи и Брајтон играат фантастичен меч и во првото полувреме беа видени дури 6 погодици (4…