Менаџерот на Челзи, Томас Тухел е силно заинтересиран за плејмејкерот на Јувентус, Адриен Рабио.
Договорот и на Рабио истекува во јуни 2023 година и влезе во последната година од договорот и поради тоа Јувентус сака да го продаде.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Таквата ситуација сака да ја искористи Челзи, бидејќи Тухел бара засилување на средниот ред, а добро го познава Рабио од времето кога двајцата беа во ПСЖ и смета дека одлично ќе се вклопи во Премиер лигата.
Јувентус за неговата слобода бара 20 милиони евра, сума која Челзи е спремен да ја плати и веќе започна преговори со мајката на Рабио, која е негов агент.