Одењето во Саудиска Арабија и трчањето по пари за некои фудбалери изгледа беше лош потег и тие се во сериозни проблеми кога се во прашање игрите и формата и веќе размислуваат да ја напуштат Саудиска Арабија.
На почетокот на 2024 година, 33-годишниот играч од средниот ред Џордан Хендерсон почувствува дека не е сè до парите.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Поранешниот капитен на Ливерпул на почетокот од актуелната сезона ги засили редовите на тимот на Ал Етифак, но сега се повеќе размислува за враќање дома.
Ал Етифак e во распад систем. Под голем притисок е и менаџерот Стивен Џерард, па тој и Хендерсон би можеле да си заминат од Саудиска веќе овој јануари.
Пред неколку дена се појави информација дека Хендерсон би можел да се врати во Ливерпул, а сега од Островот пристигнуваат нови информации.
За потписот на Хендерсон се заинтересирани Фулам, Брајтон и Шефилд Јунајтед. Фулам сака да го засили средниот ред, не игра лошо оваа сезона, стигна до полуфиналето на Лига купот каде што ги очекува пресметка со Ливерпул.
Шефилд е очаен за искусни и квалитетни засилувања во битката за опстанок, додека Брајтон игра на три фронта, Премиершип, ФА Куп и Лига Европа и нема сомнеж дека искуството на Хендерсон би било многу корисно.
Дека заминувањето на Хендерсон од Саудиска Арабија е повеќе од сигурно сведочат бројните медиумски извештаи во последните денови.