Фудбалерите на Манчестер Сити вчера на гости го победија Барнли со 1:0 во рамките од 36-тото коло во англиското првенство и така се вратија на лидерската позиција на табелата.
Сити е во жестока трка со Ливерпул за титулата шампион на Англија и до крајот на сезоната останаа уште две кола. „Граѓаните“ вчера успеаа да го совладаат Барнли и да се вратат на првата позиција каде што имаат еден бод повеќе од „црвените“.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Вчера повторно се покажа колку ВАР и недостасува на Премиер лигата, но во Сити сигурно се благодарни што ја имаат гол технлогијата. Серхио Агуеро беше херој на натпреварот бидејќи го постигна единствениот погодок. Играчот на Барнли ја исфрли топката, но не стигна на време.
Изгледаше дека не е гол, но судијата покажа дека добил сигнал од гол технологијата дека тоа е чист погодок и покажа на центарот. Англиските медиуми објавија дека топката ја поминала гол линијата за 29.5 милилиметри.
Гол технологијата имаше оваа сезона два клучни детали, а во двата беа вклучени Сити и Ливерпул. Првиот беше во директниот натпревар на овие два тима во јануари кога Сити славеше против „црвените“ со 2:1 на „Итихад“.
И овој натпревар го обележи гол технологијата кога сите мислеа дека Ливерпул постигна гол. Но судијата покажа дека од тоа нема ништо, а на крајот на успорената снимка беше прикажано дека на Ливерпул му недостасувале само 12 милиметри за топката во целост да ја помине гол линијата.
Во таа ситуација одлично реагираше Лапорт кој ја исфрли топката скоро од голот и сега се покажа дека тој момент може да биде клучен за шампионската титула.
Навивачите на Ливерпул ќе размислуваат и за ситуацијата помеѓу Сити и Барнли, а на крајот може да се покаже дека 29.5 милиметри ќе ја одлучат шампионската трка во финишот.