Дома Трансфер зона Три сезони по ред беше најдобар играч на Лидс, а сега ќе игра за третолигаш

Три сезони по ред беше најдобар играч на Лидс, а сега ќе игра за третолигаш

Пабло Хернандез најголемиот дел од својата кариера го помина настапувајќи за Валенсија и Лидс.

Со Лидс во сезоната 2019/2020 се избори за промоција од Чемпионшип во Премиер лигата. Настапувајќи за англискиот тим три сезони во низа беше избиран за најдобар играч од сезоната 2017/18 до 2019/20.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Денес Хернандез на 36 години потпиша договор со шпанскиот третолигаш Кастељон. Ова за Хернандез е враќање во клубот од родниот град кој го напушти пред 18 години за да премине во Валенсија.

Со Кастељон Хернандез потпиша договор на три години и ќе се обиде да го врати тимот во второлигашката конкуренција од каде што отпадна минатата сезона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Милан тргнува по дефанзивец на Арсенал

Милан е силно заинтересиран за дефанзивецот на Арсенал, Јакуб Кивиор, пренесува „Калч…