Голманот на ПСЖ, Кејлор Навас сака да го напушти клубот во зимскиот преоден рок, пренесуваат француските медиуми.




Голманот има статус на резерва во Париз, а за него интерес покажуваат Вест Хем, Тотенхем и Манчестер Јунјатед.




До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст
35-годишниот Навас нема ниту еден настап оваа сезона бидејќи е резерва на Донарума.
Неговиот договор истекува во 2024 година, а и ПСЖ сака да се ослободи од него поради неговата висока плата.




Токму тоа и беше проблем во летниот преоден рок, но Навас сепак во јануари може да ја промени средината и да се пресели во Премиер лигата.