Шпекулаците околу иднината на Критиано Роналдо не престануваат. Португалецот минатото лето се врати на „Олд Трафорд“ и потпиша двегодишен договор со Манчестер Јуанјтед.
Меѓутоа, медиумите на Островот тврдат дека Роналдо не е задоволен и може да го напушти Јунајтед уште на крајот на сезоната. Неговиот план беше да продолжи да освојува трофеи на „Олд Трафорд“, но најверојатно тоа нема да се случи оваа сезона.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Манчестер Јунајтед е далеку од врвот во Премиер лигата, од другите натпреварувања испадна и во игра е само уште во Лигата на шампиони.
Поради тоа голема е веројатноста Роналдо на крајот на сезоната да одлучи да ја промени средината, а медиумите тврдат дека се можни три дестинации.
Имено, интерес за Португалецот покажуваат ПСЖ, Баерн Минхен и Рома каде е неговиот сонародник Жозе Мурињо.