Дома Фудбал Барселона договори засилување: Пристигнува Египќанец – прв во историјата на клубот!

Барселона договори засилување: Пристигнува Египќанец – прв во историјата на клубот!

Младиот 18-годишен египетски фудбалер Хамза Абделкарим ќе стане првиот Египќанец што некогаш играл за славната Барселона.

Многубројни извори од Шпанија и Египет известуваат дека Барселона постигнала договор со Ал-Ахли за откуп на договорот на Абделкарим, кој ќе биде нивно прво засилување во зимскиот трансфер период.

Барселона и Ал-Ахли се согласија Абделкарим да дојде на позајмица до крајот на сезоната, по што Каталонците ќе платат 1,5 милион евра за траен откуп на неговиот договор. Покрај тоа, Ал-Ахли ќе добие 15 проценти од секоја идна продажба на Абделкарим од Барселона.

Младиот напаѓач ќе биде првиот Египќанец во дресот на Барселона, а се очекува на почетокот да настапува за резервниот тим на Каталонците.

Абделкарим оваа сезона штотуку почна да добива шанса во првиот тим на Ал-Ахли, откако блескаше во младинските категории. За кадетската репрезентација на Египет има 12 голови на 17 натпревари.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ништо од големо засилување за Спалети: Поранешниот фудбалер на Милан нема да потпише за Јувентус

Утрово заврши една од големите летни саги откако познатиот африкански фудбалер Франк Кеси …