Битолски Пелистер го доведе и третото засилување, за новата сезона, после голманот Илче Петрески и Благоја Љамчевски сега договор со Пелистер потпиша Филип Миленковски.




Во редовите на Пелистер Милековски доаѓа од Брегалница каде што настапуваше минатата сезона и ќе биде засилување за левата кр илна позиција, а по потреба може да ја покрива и левата бековска.




Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст
32-годишниот Миленковски е роден во Битола и кариерата ја почна во Пелистер потоа настапуваше за Силекс, на два пати за Брегалница и Струга Трим Лум.




Пелистер ќе потсетиме испадна од првата лига во изминатата сезона и сега има за цел експресно да се врати во друштвото на најдобрите.