Дома Фудбал Тренерот кој го победи ракот седнува на клупата на Атлетик Билбао

Тренерот кој го победи ракот седнува на клупата на Атлетик Билбао

berizzo

На клупата на Атлетик Билбао наредната сезона ќе седи Едуардо Берицо, пренесуваат медиумите од оваа земја.

Клубот од Баскија неодамна се раздели со Цицо, Зиганда откако во неодамна завршената сезона не ги оправда очекувањата, а на негово место ќе дојде Едуардо Берицо кој својот последен ангажман го имаше во Севиња.


Мбапе со маска на победа против Холандија! ↓↓↓


Шпанските медиуми пишуваат дека Берицо се договорил со Атлетико Билбао за соработка на една година со опција за продолжување доколку клубот се избори за излез во Европа. Според договорот би заработувал околу 1.5 милион евра.

Да потсетиме, Берицо во текот на времето додека ја водеше Севиља имаше и големи здравствени проблеми. Поточно беше приморан да се оперира поради рак, па пропушти неколку натпревари од сезоната.

Управата на Севиља немаше разбирање за ситуацијата на 48 годишниот Аргентинец, па седум дена после враќањето на клупата заработи отказ.
Освен Севиља во досегашната кариера Берицо имаше прилика да ги води уште Селта Виго, О’Хингс и Естудиантес.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Австрија ја испрати Полска дома

Репрезентацијата на Австрија со 3:1 ја совлада репезентацијата на Полска и направи голем ч…