Maнчестер Јунајтед се обидуваше да го доведе голманот на Ајнтрахт Кевин Трап, денес голманот преку социјалните мрежи го потврди интересот од англискиот премиерлигаш.
На негова адреса пристигнала понуда, но голманот имал поинакви планови.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Деновиве имаше многу информации за интересот на Манчестер Јунајтед за мене и точно е клубот имаше подготвено понуда. Манчестер Јунајтед е голем клуб и верувам дека сите ќе разберат зошто ми беше потребно време да размислам“.
„Сепак вчера ги информирав одговорните на двата клуба дека го избрав Ајнтрахт, доживеав фантастични работи тука и ќе продолжиме заедно да испишуваме историја“, објасни Трап.
Манчестер Јунајтед е во потрага по поддршка за Давид Де Геа по заминувањето на Дин Хендерсон, но Трап очигледно повеќе сака да има загарнтирана минутажа. Сезонава со Ајнтрахт ќе игра и во Лигата на шампионите.