Дома Трансфер зона Трансферот на Гризман се потврди, слави Барса, слави Атлетико, но слави и – Реал Сосиедад!

Трансферот на Гризман се потврди, слави Барса, слави Атлетико, но слави и – Реал Сосиедад!

Aнтоан Гризман денес и официјалн остана играч на Барселона.

Каталонскиот гигант денес ја изврши уплатата од 120 милиони евра за трансферот на францускиот напаѓач после што тој и официјално стана играч на Каталонците.

Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓


После пет години Гризман го напушта Атлетико, а покрај овој тим одлична заработка оствари и поранешниот клуб на Гризман Реал Сосиедад.

Тимот од „Сан Себастијан“ го лансираше Гризман во височините и денес на нивната сметка ќе „легнат“ 24 милиони евра што значи дека Атлетико на крајот ќе добие 96 милион иевра.

Така Сосиедад вкупно од Гризман заработи 54 милиони евра, сметајќи ја и сумата за која во 2014 година го продадоа на Атлетико (30 милиони евра).

Гризман во изминатите пет години одигра 257 натпревари за Атлетико и постигна 133 гола.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…