Дома Топ вести ТРАНСФЕРИ ВО ЖИВО: Aдис Јаховиќ има нов клуб!

ТРАНСФЕРИ ВО ЖИВО: Aдис Јаховиќ има нов клуб!

Нашата редакција навремено ќе ве известува за сите трансфери и трансфер шпекулации се до затворањето на трансфер пазарот.

– Даниеле де Роси донесе одлука да остане во Серија А. Во моментов Милан и Фиорентина покажуваат најголем интерес (ОВДЕ).

– Пари Сент Жермен испрати официјална понуда за Сергеј Милинковиќ-Савиќ од 75 милиони евра. Лацио бара 80 милиони, па двата клуба се блиску до договор. До крајот на денот француските и италијанските медиуми најавуваат повеќе информации за оваа потенцијална зделка.

– Немања Матиќ го напушта Манчестер Јунајтед, но најверојатно ќе остане во Англија (ОВДЕ).

– „Бомба“: Манчестер Сити плаќа 80 милиони фунти за Хари Мекгваер и ќе го направи најскап дефанзивец во истројата (ОВДЕ).

– Зинедин Зидан „отпиша“ 13 фудбалери во Реал Мадрид од кои може да се состави одличен тим (ОВДЕ).

– „Газета дела Спорт“ јавува дека пропаднал трансферот на Един Џеко во Интер (ОВДЕ).

– Матијас де Лихт е на чекор од трансфер во Јувентус. Ќе биде втор најплатен играч во Серија А и годишно ќе заработува 14 милиони евра. Како што изминува времето изгледа дека се отстрануваат дилемите каде Де Лихт ќе ја продолжи кариерата.

– Манчестер Јунајтед ќе ја активира клаузулата во договорот на Маркус Рашфорд и ќе го продолжи неговиот договор за додатни 12 месеци.

– Официјално: Рафа Бенитез не е повеќе тренер на Њукасл.

– Арсенал понуди 20 милиони евра за левиот бек на Селтик, Киран Тирани. Според последните информации трансферот е блиску до реализација.

– Манчестер Јунајтед го комплетираше трансферот на 16-годишниот талент од Сарагоса, Матео Мехија. (ОВДЕ).

– Малдини вчера имаше средба на Ибица со левиот бек на Реал Мадрид, Тео Хернандес. Шпанските медиуми пренесуваат дека „росонерите“ се спремни да ја победат конкуренцијата и да го донесат на „Сан Сиро“.

– Готово: Борусија Мехенгладбах го договори трансферот на Брил Емболо од Шалке. За швајцарскиот напаѓач ќе плати неверојатни 45 милиони евра.

– Лукас Тореира и официјално побара од Арсенал да го пушти да се врати во Италија. Милан е силно заинтересиран и понуди едногодишна позајмица за 7 милиони евра, плус додатни 38 милиони за откуп следното лето.

– Тренерот на Арсенал, Унаи Емери испрати молба до раководството да му даде поголем буџет. Негова примарна цел е Вилфред Заха од Кристал Палас (ОВДЕ).

– Готово: Ајакс го комплетираше најскапото засилување во својата историја. Холандскиот гигант на Севиља и плати 22 милиони евра за потписот на Квинси Промес.

– Баерн Минхен се вклучи во трката за дефанзивецот на Штутгат, Озан Кабак. Турскиот репрезентативец беше на чекор од Милан, кој се уште останува во пол-позиција за неговиот потпис. Играчот има откупна клаузула од 15 милиони евра.

– Фабио Капело излезе со интересна изјава по повод најавите за доаѓање на Де Лихт во Јувентус.

„Ако Јувентус успее да потпише со Матијс де Лихт тогаш сезоната е веќе завршена. Повторно. Можеме да одиме директно на следната сезона“, изјави Капело на оваа тема.

– – АЈАКС ГО РУШИ КЛУПСКИ РЕКОРД! Квинси Промес пристигнува во Амстердам за клупски рекорд! (ОВДЕ)

– Ливерпул и Манчестер Јунајтед покажуваат интерес за Жуниор Фирпо од Реал Бетис

– Хуан Квардадо може да го напушти Јувентус за сума помеѓу 20 и 25 милиони евра. Интерес за овој фудбалер покажаа Милан, Интер, Севиља и Валенсија

– Интер на Барселона и го понудил Раџа Наинголан во замена за Артуро Видал кого се обидуваа да го доведат минатото лето. Меѓутоа Видал како да нема премногу желба да си замине од Каталонија, а изгледа и дека Барселона нема потреба од играч како Наинголан и не изгледа дека ова ќе биде нешто повеќе од идеја на „нероаѕурите“.

– ДЕ ЛИХТ! Пари Сен Жермен наводно е спремен да излезе со нова поголема понуда од онаа Јувентус кој на Де Лихт му понуди седум милиони евра по сезона. Сумата засега не се открива.

– Жозе Мурињо е главен фаворит за празното тренерско столче во Њукасл! (ОВДЕ)

– „Калид Кулибали има цена и таа изнесува 150 милиони евра“, дописникот на „Скај“ од Неапол, Карло Авино

– OФИЦИЈАЛНО: Адис Јаховиќ потпиша договор со Јени Малатијаспор! (ОВДЕ)

– „Кадена КОП“ ексклузивно пренесува дека Атлетико Мадрид ќе ја плати откупната клазула (40 милиони евра) за стоперот на Еспањол, Марио Ермосо.

– Сензационални вести пристигнуваат од Островот! Наводно во ПСЖ се спремни да направат размена Нејмар – Погба! (ОВДЕ)

– „Газета дело Спорт“: Ромело Лукаку, Един Џеко и Николо Барела се согласиле на трансфер во Интер, но се треба Интер да се договори со нивните клубови. Сите тројца се желби на Антонио Конте.

– „Франс Фудбал“ пишува дека Дани Алвес има дури пет понуди за продолжување на кариерата.

– Монако брзо се предомисли и сега сака да се ослободи од Сеск Фабрегас кој има плата од огромни 600.000 евра неделно, но засега нема најави кој би можел да го доведе Шпанецот. Прашање е и дали Фабрегас ќе има желба да се откаже од сумата која тешко дека ќе ја добие на друго место. Можеби ако се појави некој кинески клуб…

– Арсен Венгер е еден од кандидатите да го наследи Рафа Бенитез во Њукасл.

– После веста дека Алвес има пет понуди сега се откриваат и имињата на клубовите тоа се – Барселона, Манчестер Сити, Гвангажу, Борусија Дортмунд и Интер. (ОВДЕ)

– За шест дена (од 1-ви јули) многу играчи ќе останат без договор и од нив може да се состави одличен тим (ОВДЕ)

– OФИЦИЈАЛНО: Квинси Промес играч на Ајакс!

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Адреналин, природа и предизвик: Пријави се за GOLAK TRAILS 2026

Голак повторно ќе биде домаќин на љубителите на планинското трчање – пристигнува GOLAK TRA…