Дома Трансфер зона Ајакс поради грешка сега го руши клупскиот рекорд – се чека само потпис! (ФОТО)

Ајакс поради грешка сега го руши клупскиот рекорд – се чека само потпис! (ФОТО)

Поради грешката Ајакс сега ќе со сруши клупскиот рекорд.

После една од најдобрите сезони во историјата на Ајакс во која многу милиони пристигнаа во касата на клубот, дел од големиот успех, но и дел од продажбата на најдобрите фудбалери. За нив холандскиот клуб веќе започна да носи замени. Четири млади фудбалери веќе потпишаа, а сега следи вистинска бомба за овој клуб. За 22 милиони евра што ќе биде нов клупски рекорд од Севиља доаѓа Квинси Промес.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Никогаш Промес не доби шанса да заигра за првиот тим на Ајакс иако ги помина скоро сите младински категории на клубот. Од својата шеста година се до 16 години беше член на Ајакс. Промес во 2008 година го напушти клубот и премина во Харлем. Таму помина една година и следното лето се пресели во Твенте.

Во Твенте стана првотимец и го привлече вниманието на себе. За 11.5 милиони евра во 2014 се пресели во Сапратак Москва и одигра одлични четири сезони. Многу европски клубови уште тогаш се распрашуваа за него, но тој избра за 20 милиони евра да премине во Севиља.

Промес веќе на својот Инстаграм профил се пофали дека е во Амстердам и наскоро се очекува потврда на овој трансфер!

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Интер пронајде голман за кој ќе плати 20 милиони евра

Додека екипата на Интер убедливо стигна до титулата шампион на Италија, раководството на к…