Дома Фудбал Англија Мурињо е главен кандидат за празното столче во Њукасл

Мурињо е главен кандидат за празното столче во Њукасл

Жозе Мурињо е еден од фаворитите за преземање на кормилото на Њукасл, после заминувањето на Рафа Бенитез, пренесуваат медиумите на Островот.

Рафа Бенитез помина три ипол години на Сент Џејмс Парк и му помогна да се врати во Премиер лигата, а минатата сезона заврши како 13. пласирана екипа во лигата.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Според букмејкерите најголеми шанси да седне на празното столче има токму Жозе Мурињо, кој е без клуб откако доби отказ во Манчестер Јунајтед.

Втор фаворит е актуелниот помошник на Пеп Гвардиола во Манчестер Сити, Микел Артета.

Шпанецот пред извесно време беше сметан и за наследник на Венгер на кормилото на Арсенал, но реши да остане во тимот на Гвардиола.

Њукасл објави дека процесот за избор на нов тренер е веќе започнат, а покрај споменатите двајца, на листата се уште Алан Пердју и Крис Хатон.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Чави е пред договор со новиот клуб!?

Чави Ернандез се уште стои на ставот дека заминува од Барселона на крајот на сезоната, рак…