Дома Топ вести ТРАНСФЕРИ ВО ЖИВО: Пјаниќ заминува за 100 милиони, Челзи најде замена за Азар, Милан се насочува кон Игуаин

ТРАНСФЕРИ ВО ЖИВО: Пјаниќ заминува за 100 милиони, Челзи најде замена за Азар, Милан се насочува кон Игуаин

Како и секој ден се до затварањето на трансфер пазарот, редакцијата на Спортски.мк ќе ве известува за сите трансфери и трансфер гласини и се што е поврзано со трансфер пазарот во Европа.

– ТУКА можете да се потсетите што вчера се случуваше на трансфер пазарот ширум Европа.

– Новите сопственици на Милан ќе издвојат 150 милиони евра за трансфери. Примарна цел е врвен напаѓач, а на листата желби се Гонзало Игуаин и Алваро Мората. (ОВДЕ)

– Гвардиола е силно зиантересиран во своите редови да го донесе Миралем Пјаниќ. Тренерот веќе разговарал со Босанецот, а „граѓаните“ се спремни да понудат 100 милиони евра, понуда која Јувентус нема да може да ја одбие.

– Матео Ковачиќ имаше средба со новиот тренер Лопетеги и му ја соопшти одлуката дека сака да го напушти Реал Мадрид. „Кралевите“ за неговата слобода бараат 50 милиони евра. (ОВДЕ).

– Доколку се реализира трансферот на Еден Азар во Реал Мадрид, прва цел на „сините“ ќе биде Антони Марсијал во кого гледаат идеална замена за Белгиецот.

– Нови детали околку трансфер сагата Бензема – Милан. Еден од агентите на напаѓачот навистина се сретнал со „росонерите“ и договорил 4-годишен договор тежок 9 милиони евра по сезона. Меѓутоа, сега на местото спортски директор доаѓа Леонардо кој како примарна цел го има Гонзало Игуаин.

– Манчестер Јунајтед не се откажува од намерата да го донесе Хари Мекгваер во своите редови и спрема понуда од 65 милиони евра за Лестер (ОВДЕ).

– Откриени се трансфер плановите на Барселона. Каталонците сакаат да донесат три засилувања, а станува збор за Адриан Рабио, Вилијан и Муса Ваг од Еупен (ОВДЕ).

– Интер засилено работи на трансферот на Артуро Видал и е спремен да ги продаде Весино и Гаглиардини за да дојде до потписот на Чилеанецот.

– Баерн Минхен потврди дека Хамес Родригез сигурно останува на „Алијанц Арената“.

– Борусија Дортмунд сака да го донесе Аксел Витсел во своите редови. „Милионерите“ спремиле понуда од 20 милиони евра за кинески Тијанжин.

– Шиме Врсаљко дефинитивно сака да се пресели во Интер, но Атлетико Мадрид има еден ултиматум (ОВДЕ).

– Милан најверојатно ќе го раскине договорот со Рикардо Монтоливо бидејќи тренерот Гатузо не смета повеќе на него. „Росонерите“ како негова замена сакаат да го донесат Милан Бадељ, кој е слободен агент.

– Челзи и Баерн Минхен се силно заинтересирани за Антони Марсијал, но Манчестер Јунајтед за неговата слобода бара 100 милиони евра.

– Со оглед на фактот дека Алекс Сандро може да го напушти Јувентус ова лето, „бјанконерите“ се насочија кон ангажман на Хуан Бернат од Баерн Минхен.

– Челзи ја продолжува потрагата по нов голман, кој треба да биде замена за Тибо Куртоа. Најновото име на списокот е англискиот репрезентативец Џордан Пикфорд, но тоа е тешка мисија бидејќи Евертон не сака да го пушти.

– Бешикташ ја одби понудата на Вест Хем од 25 милиони евра за Домогој Вида. Сега на сцена повторно стапува Ливерпул кој е спремен да понуди 30 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Адреналин, природа и предизвик: Пријави се за GOLAK TRAILS 2026

Голак повторно ќе биде домаќин на љубителите на планинското трчање – пристигнува GOLAK TRA…