Хрватскиот репрезентативец, Шиме Врсалјко сака да го напушти Атлетико Мадрид ова лето и да се врати во италијанска Серија А.
Врсалјко беше еден од најдобрите играчи на Хрватска на Мундијалот во Русија, а голем интерес за него покажа и Интер. Клубот од „Меаца“ сака да го донесе Врсалјко на позајмица до крајот на оваа сезона со обврска да го откупи неговиот договор следното лето.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Хрватскиот играч призна дека му е желба да се врати во Италија, и дека нема ништо против пристигнување во Интер. Врсалјко не е баш задоволен во Атлетико Мадрид, но челниците на шпанскиот клуб му прават голем проблем околу заминување од клубот.
Имено, Интер сака да плати шест милиони за позајмица до крајот на сезоната, па би платиле уште 25 милиони евра следнотолето за откуп на неговиот договор. Меѓутоа, од Атлетико порачаа дека Врсалјко може да оди само доколку Интер или некој друг клуб веднаш ги уплати парите за трансфер.
Интер не е во можност тоа да го направи поради суспензија за купување на нови играчи до следното лето, и за нив опција е само Врсалјко да дојде на позајмица. Хрватскиот фудбалер сака да оди во Интер, но сега се е во рацете на Атлетико.