Дома Топ вести Трансфери во живо: Сити ја плати клазулата, Стариџ во ВБА, Обамејанг вечерва пристигнува во Лондон…

Трансфери во живо: Сити ја плати клазулата, Стариџ во ВБА, Обамејанг вечерва пристигнува во Лондон…

Влегуваме во завршницата од преодниот рок кога секогаш е и најинтересно со Спортски следете ги сите трансфери и трансфер новости. БИДЕТЕ ВО ТЕК…

– За почеток ви ги претставуваме ТОП 10 трансферите кои можат да се случат до крајот на денот. (ОВДЕ)

– Според информациите на „ESPN“ Златан Ибрахимовиќ до крајот на овој преоден рок би можел да направи трансфер во редовите на Л.А Галакси. (ОВДЕ)

– Во случај Рома да остане без Един Џеко кој би можел да направи трансфер во редовите на Челси, „волчицата“ ќе се обиде да го доведе фудбалерот на Барселона, Жерар Делофеу. (ОВДЕ)

– Како што дознаваат германските медиуми, Арсенал подготвивл нова подобрена понуда за Пјер-Емерик Обамејанг која се очекува да изнесува 70 милиони евра. (ОВДЕ)

– Официјално: Диафра Сако го комплетираше својот трансфер од редовите на Кристал Палас во француски Рен

– Официјално: Брајтон го доведе на позајмица напаѓачот на Лестер, Улоа

– Според „TimeSport“ Тотенхен завршил 90% од работата кога во прашање е трансферот на Лукас Моура на „Вајт Харт Лејн“, очекувањата се овој трансфер да биде комплетиран до крајот на зимскиот преоден рок.

– Официјално: Гетафе го доведе поранешениот напаѓач на Челси, Лоик Реми.

– Борусија Дортмунд размислува како замена за Пјер-Емерик Обамејанг да го доведе Мичу Батшуаи од Челси, пренесува „Скај Спорт“. (ОВДЕ)

– Вест Хем покажал интерес за рускиот капитен Фјодор Смолов. Краснодар за својот фудбалер бара оштета од 12 милиони фунти.

 

– Според „Билд“, Обамејанг во текот на денешниот ден ќе потпише договор со Арсенал

– „Дејли Мирор“ пренесува интересни информации според кои Манчестер Јунајтед се вклучува во трката за Чилеанецот од редовите на Баерн Минхен, Артуро Видал.

– Според последните информации кои ги пренесува „Индепендент“ трансферот на Един Џеко во редовите на Челси нема да се реализира.

– Тимот на Вест Хем е во преговори со кинескиот тим Шадонг Луненг за враќање на Грацијано Пеле во Премиер лигата.

– Напаѓачот на Ливерпул, Даниел Стариџ би можел да премине во редовите на Њукасл како позајмен фудбалер до крајот на сезоната, пренесува „Телеграф“.

– Емерик Лапорте во текот на вчерашниот ден ги поминал медицинските прегледи и веќе во вторник ќе биде претставен како нов фудбалер на Манчестер Сити, пишува „Ел Корео“

– Според информациите на „Марка“ Борусија Дортмунд успеала да го довори младиот фудбалер од редовите на Барселона Серхио Гомез. (ОВДЕ)

– Тимот на Вест Хем е навистина активен во завршницата од преодниот рок, па после големиот број имиња кои се поврзуваа со овој клуб сега на ред е Морган Шнајдерлин од Евертон за кого наводно се спремни да платат 20 милиони фунти.

– Официјално: Манчестер Сити ја плати клазулата (65 милиони евра) Емерик Лапорта, фудбалерот веќе утре ќе биде преставен на „Итихад“. (ОВДЕ)

–  Според „Скај Спорт“, Даниел Стариџ наскоро ќе премине во редовите на ВБА, како позајмен фудбалер. (ОВДЕ)

– Потврдено: Адис Јаховиќ во вториот дел од сезоната ќе настапува за тимот на Коњаспор (ОВДЕ)

– Аргентинецот Николас Гаитан од Атлетико Мадрид одби да се пресели во редовите на Свонси (ОВДЕ)

– „Скај Спорт“ потврди дека Тотенхем и ПСЖ постигнале договор за трансфер на Бразилецот Лукас Моура за сума од 25 милиони фунти. (ОВДЕ)

 

 

 

 

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Адреналин, природа и предизвик: Пријави се за GOLAK TRAILS 2026

Голак повторно ќе биде домаќин на љубителите на планинското трчање – пристигнува GOLAK TRA…