Манчестер Сити официјално го собори клупскиот трансфер рекорд со привлекувањето на дефанзивецот од Атлетик Билбао, Емерик Лапорте.
„Граѓаните“ ја активираа откупната клаузула за Французинот, која изнесуваше 57 милиони фунти (65 милиони евра), па со тоа Лапорте стана најскапата аквизиција во историјата на Манчестер Сити, два милиони евра поскап од Де Брујн.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Лапорте во исто време стана и вториот најскап дефанзивец на сите времиња, веднаш после Вирџил ван Дијк кој се пресели во Ливерпул за сума од 75 милиони фунти.
Информацијата беше потврдена од официјалниот сајт на Атлетик Билбао, кој му посака се најдобро на 23-годишниот дефанзивец во новиот клуб.
Laporte abona la cláusula de rescisión https://t.co/WIIcwSCqM9 #athletic
— Athletic Club (@AthleticClub) January 29, 2018