Дома Топ вести Трансфери во живо: „Марка“ ги израдува „сините“, „лајкот“ на Горецка крена огромна прашина…

Трансфери во живо: „Марка“ ги израдува „сините“, „лајкот“ на Горецка крена огромна прашина…

И во зимскиот преоден рок нашата редакција благовремено ќе ве известува за сите трансфери и трансфер шпекулации.

Иако трансфер пазарот е отворен само два дена веќе се потрошија повеќе од 250 милиони евра и беше срушен рекордот за најскап дефанзивец. (ОВДЕ)

-И во овој преоден рок главна тема ќе биде трансферот на Кутињо во Барселона. „Мундо Депортиво“ објави дека Барселона спремила понуда од 110 милиони евра плус 40 милиони како бонуси за Бразилецот.

-Јувентус потврди дека Марко Пјаца ќе биде испратен на позајмица во зимскиот преоден рок, па иако се чинеше дека фаворит за неговиот потпис е Шалке, сепак Храватот може да заврши во Белгија, каде силен интерес за него покажува Андерлехт.

-Италијанските медиуми информираат дека Милан е силно заинтересиран за играчот од средниот ред на Тотенхем, Муса Дембеле (ОВДЕ).

-Севиља се вклучи во траката по Жерар Делуфеу. Тренерот Винченцо Монтела повторно сака да соработува со крилниот напаѓач кој не добива голема минутажа во Барселона. За Делуфеу интерес покажуваат Интер и Наполи, но се чини дека Севиља е фаворит за неговиот потпис.

– Реал Мадрид во наредните денови ќе го претстави своето ново засилување – голманот на Атлетик Билбао, Кепа Аразабалага. „Марка“ пренесува дека „кралевите“ за младиот голман ќе платат 20 милиони евра.

-Германските медиуми тврдат дека Баерн Минхен веќе го договорил трансферот на Леон Горецка. Тренерот на Баварците, Јуп Хејнкес го потврди интересот, но истакна дека трансферот се уште не е комплетиран.

-Наполи спреми 60 милиони евра за два трансфери – Алекс Грималдо од Бенфика и Симоне Верди од Болоња. Разликата е во тоа што Италијанецот го сакаат во јануари, а играчот од Бефика на крајот на сезоната.

-Арсен Венгер ги демантираше шпекулациите дека е заинтересиран за Давид Луиз кој е на излезна врата од Челзи поради конфликтот со Антонио Конте.

– Од Шалке се огласија по повод иднината на нивната ѕвезда, Леон Горецка (ОВДЕ)

– Жозе Мурињо е спремен да ја плати клазулата за фудбалерот на Наполи, Фаузи Гулам. Италијанскиот клуб веќе подготви и негова замена, а тоа е Алекс Грималдо од Бенфика. (ОВДЕ)

– Англиските медиуми на големо пишуваат дека Кристиано Роналдо започнал на својот син да му бара училиште во Англија, а оваа информација веднаш беше поврзана со негов трансфер во Манчестер Јунајтед. (ОВДЕ)

– Лошите изданија на Реал Мадрид во последниот период, придонесоа за Флорентино Перез да мора да реагира. Медиумите пишуваат дека претседателот на шпанскиот гигант подготвува вистинска револуција… (ОВДЕ)

– Според информациите на „Спорт“ Фелипе Кутињо им соопштил на „црвените“ дека повеќе не сака да настапува за Ливерпул, како и дека негова единствена желба е трансфер на „Ноу Камп“. (ОВДЕ)

– Баерн Минхен во покажуваше голем интерес за фудбалерот на Шалке Леон Горецка, „Билд“ тврдеше дека работата е договорена, но фудбалерот со само еден „лајк“ на фотографија на социјалните мрежи крена огромна прашина. (ОВДЕ)

– Агентот на фудбалерот на Манчестер Јунајтед, Матео Дармијан кој не е во прв план кај Жозе Мурињо истакна дека неговиот клиент не е на продажба. (ОВДЕ)

– Англиските медиуми пшуваа за интересот на Челзи за дефанзивецот на Јувентус Џорџо Киелни, а по повод овие пишувања се огласија фудбалерот и Антонио Конте. (ОВДЕ)

– Фудбалерот на Лацио, Стефан Де Вриј преговараше со тимот на Интер, но сега дефанзивецот ги прекинал преговорите со „нероаѕурите“, како причина се наведува интересот од Барселона. (ОВДЕ)

– Диего Коста наводно го советувал, Симеоне во Атлетико да го доведе фудбалерот на Челзи, Цезар Аспиликуета. (ОВДЕ)

– Според „Марка“ Еден Азар повеќе не е мета на Реал Мадрид, а причината е што Белгиецот не би можел да настапува во Лигата на шампионите.

 

– Манчестер Јунајтед е спремен да ја плати клазулата за бекот на Наполи Фаузи Гулам.

– Ливерпул конечно пронајде кандидат кој за Лазар Марковиќ е спремен да испрати прифатлива понуда. (ОВДЕ)

 

 

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Адреналин, природа и предизвик: Пријави се за GOLAK TRAILS 2026

Голак повторно ќе биде домаќин на љубителите на планинското трчање – пристигнува GOLAK TRA…