Дома Трансфер зона Мурињо ја плаќа клазулата и со доведување на фудбалерот на Наполи ги решава проблемите?

Мурињо ја плаќа клазулата и со доведување на фудбалерот на Наполи ги решава проблемите?

Изгледа дека Мурињо конечно ќе го реши големиот проблем, од друга страна Наполи веќе пронајде замена.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Манчестер Јунајтед ќе финансира половина од преодниот рок на Наполи следното лето. Како што пренесуваа италијанските медиуми, Наполи е блиску до доведување на Алекс Гирмалдо од Бенфика што веројатно значи продажба на Фаузи Гулам.

Веќе подолго време Мурињо се обидува да доведе лев бек. Минатото лето се обидуваше со Дени Роуз од Тотенхем, но желбата не му се оствари. Се обиде со Блинд, Шо и Дармијан но и тројцата го разочараа.

Токму поради тоа се одлучи Ешли Јанг да го прекомандува на бековската позиција, но тој е само привремно решние до крајот на сезоната.

Во овој момент како идеално решение се наметнува Фаузи Гулам од Наполи.

Алжирецот од поодамна е на мета на Наполи и овој трансфер период е одличен момент да се постигне договор, за доведување на лето. Гулам неодамна потпиша нов договор со Наполи во кој има вметнато откупна клазула од 60 милиони евра и се очекува истата Јунајтед да ја плати.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…