Зимскиот преоден рок започна, а светските медиуми повторно шпекулираат за иднината на Кристиано Роналдо.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Новиот потег на Португалецот даде дополнителен повод за шпекулуации околу неговата иднина. Имено, најдобриот фудбалер во светот за 2017 година барал училиште за неговиот син и тука не би имало ништо чудно доколку не ги проверувал училиштата во Англија.
Секако, веднаш започнаа пишувања за негово враќање во Манчестер, но и Жорге Мендеш тешко би можел да ги поправи односите помеѓу него и Мурињо.
Од друга страна, Кристиано изјави дека не би сакал да настапува за некој друг клуб освен Јунајтед, иако како можни дестинации се споменуваа Челзи и Манчестер Сити.
Едно е сигурно, не чекаат исклучително два интересни преодни рока, посебно интересен сигурно ќе биде летниот.
