Доаѓањето на Жозе Мурињо во Манчестер Јунајтед не ги промени многу работите со оглед на фактот што „црвените ѓаволи“ и оваа сезона остваруваат просечни резултати.
Летово на „Олд Трафорд“ пристигнаа Ибрахимовиќ и Погба, а англиските медиуми тврдат дека Јунајтед спрема нова трансфер „бомба“.
Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст
Станува збор за ѕвездата на Барселона, Нејмар за кого „црвените ѓаволи“ се спремни да испратат понуда од неверојатни 211 милиони евра.
Имено, Мурињо е во потрага по нова ѕвезда која ќе може адекватно да ги замени Ибрахимовиќ и Руни кои се во залез на кариера, па прва и најголема желба е токму Нејмар.
Бразилецот неодамна го продолжи договорот со Каталонците, но во него има откупна клаузула која не е многу поголема од онаа која ја имаше во претходниот договор.
Притоа, Нејмар има големи промени со шпанските закони и нема ништо против да ја промени средината, а Манчестер Јунајтед сигурно би бил одлична дестинација за него.
 
  
  
  
  
  
  
  
  
  
  
  
  
  
  
  
  
  
  
  
  Учество во игри на среќа е дозволено за лица со 18+ години. Играј одговорно!
Учество во игри на среќа е дозволено за лица со 18+ години. Играј одговорно!