Авион со 72 патници и девет члена на екипажот, со кој патувале и фудбалери на бразилски клуб, се урна во централниот дел на Колумбија, соопшти денеска здружението на колумбиската цивилна авијација.
На местото на авионската несреќа пристигнале спасувачки екипи кои им помагаат на преживеаните, а досега не е соопштено дали и колку лица го загубиле својот живот.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Фудбалерите на бразилскиот клуб Чапокоензе утре требаше да играат во Меделин против локалниот клуб Атлетико насионал во финалето на Купот на Јужна Америка.
Колумбиските медиуми објавуваат дека бројот на преживеани не е минимален. Радио Колумбија објави дека еден од нив е фудбалерот Алан Рушел, но сите се во исчекување на официјално соопштение на властите во оваа земја, со повеќе детали околу несреќата и бројката на преживеани.
Засега не е позната причината за несреќата.