Јувентус е во потрага по квалитетен играч за врска во зимскиот преоден кој треба да биде замена за суспендираниот Погба.
Прво име на списокот на „старата дама“ е данскиот репрезентативец и член на Тотенхем, Пјер-Емил Хојберг.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Искусниот играч за врска не е задоволен од минутажата која ја има во актуелната сезона и сериозно ја разгледува и опцијата да си замине од Лондон веќе во јануари.
Тотенхем исто така е спремен да се раздели со Хојберг и за неговата слобода бара 30 милиони фунти.
Јувентус ќе има конкуренција, бидејќи за Данецот силен интерес покажува и Атлетико Мадрид.