Дома Трансфер зона Тотенхем спреми понуда за Депај

Тотенхем спреми понуда за Депај

Мемфис Депај најверојатно ќе ја напушти Барселона ова лето бидејќи е ставен на трансфер листа.

Депај минатото лето се пресели на „Камп Ноу“ како слободен играч и добро ја започна сезоната, меѓутоа Чави не е симпатизер на неговата игра и му порачал да си бара нов клуб.


Само Португалија е сигурна, Белгија се тресе! ↓↓↓


Притоа, клубот има финансиски проблеми, па сака да го продаде Холанѓанецот, а најсилен интерес за него покажува Тотенхем.

„Спарси“ го договорија трансферот на Ленгле, па сакаат да го доведат и Депај и се спремни да понудат 17 милиони фунти за 28-годишниот напаѓач.

Тотенхем е исклучително активен на трансфер пазарот и веќе ги донесе Перишиќ, Ричарлисон, Бусуфа и Ленгле, а Депај најверојатно ќе биде следниот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Мурињо во Фенербахче сака фудбалер кој одигра само една минута во Серија А

Хрватскиот стопер Антоник Тиквиќ (20) е на мета на Фенербахче пишуваа турските медиуми. Жо…