Дома Останати Кошарка „Земјотрес“ од Белград: Партизан има нов тренер

„Земјотрес“ од Белград: Партизан има нов тренер

Наследникот на Жељко Обрадовиќ на клупата на кошаркарскиот клуб Партизан е познат. Тоа е шпанскиот тренер Жоан Пенароја кој ќе биде официјално претставен во понеделник.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Мирко Оцоколиќ нема да остане прв тренер на Партизан. Раководството на клубот решило да ангажира шпански тренер, Жоан Пенароја.

Иако Оцоколиќ на одличен начин го водеше тимот по заминувањето на Жељко Обрадовиќ, челниците на Партизан одлучија сепак странски тренер да дојде на местото шеф на стручниот штаб и беше избран 56-годишниот Пенароја.

Шпанецот веќе пристигна во Белград. Утре ќе биде официјално претставен во еден белградски хотел, а на јавноста ќе се обрати првиот човек на клубот, Остоија Мијаловиќ и спортскиот директор на тимот, Жарко Паспалј.

Жоан Пенарроја е познато име во тренерската професија, особено во Шпанија каде што поминал целата кариера.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Нов голем чекор: Теодор Симиќ ќе игра во САД

ц Теодор Симиќ ја продолжува својата кариера во САД, откако одлучи да го напушти тимот на …