Дома Трансфер зона Тотенхем се „чуваше“, а сега се „расфрла:“: „Петлите“ спремни уште еднаш да го срушат сопствениот рекорд!

Тотенхем се „чуваше“, а сега се „расфрла:“: „Петлите“ спремни уште еднаш да го срушат сопствениот рекорд!

Тотенхем и сопственикот на овој клуб Даниел Леви во текот на годините стекнаа репутација на клуб кој штеди, меѓутоа ова лето работите се менуваат.

Лондонскиот клуб не трошеше астрономски цифри во текот на летните преодни рокови, но ова лето веќе падна рекордот на Тотенхем.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Имено, „петлите“ пред три дена го официјализираа трансферот на Тангу Ндомбеле од Лион вреден 60 милони евра со тоа што на францускиот клуб би можеле да му бидат исплатени бонуси во вредност од 10 милион иевра. Така Тотенхем доби одлично засилување, а наскоро би можело да пристигне уште едно.

Последните гласини говорат дека Тотенхем ќе испрати нова богата понуда овој пат на адреса на Бетис за 23 годишниот Аргентинец, Џовани Ло Селсо.

Станува збор за сума од 68 милиони евра во која не се пресметани евентуалните бонуси.

Се верува дека Бетис за одличниот Аргентинец бара 75 милиони евра, но не би било чудно наскоро договорот да биде постигнат. Одредени британски медиуми тврдат дека трансферот на Ло Селсо во Тотенхем е 80% завршена работа.

Доколку тие најави се остварат Тотенхем ова лето ќе дојде до бројка од потрошени 140 милиони евра со оглед на тоа веќе го обезбедија потписот на младиот Џек Кларк од Лидс за нешто помалку од 13 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Арсенал и Ливерпул го сакаат Брахим Дијаз

Брахим Дијаз минатото лето се врати во Реал Мадрид и ја потврди својата класа, но оваа сез…