Дома Фудбал Англија Тотенхем порача: Хари Кејн не е на продажба

Тотенхем порача: Хари Кејн не е на продажба

Новиот спортски директор на Тотенхем, Фабио Паратичи ја затвори вратата за трансфер на Хари Кејн.

Кејн не е задоволен во Тотенхем, сака да игра во поамбициозен клуб и да се бори за трофеи, па побара трансфер од раководството.

Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓


Меѓутоа, Кејн има долг договор со „спарси“, а Паратичи потврди дека клубот нема намера да го продаде ова лето.

„Задржувањето на Кејн не е само моја цел, туку и цел на клубот. Тој е врвен играч. Имав среќа во моето време во Јувентус, видов многу одлични напаѓачи и сакам да уживам и во Кејн. Едвај чекам да го видам. Тој е еден од најдобрите напаѓачи во светот“, истакна Паратичи.

„Не сум разговарал се уште со него, зашто не сакам да го вознемирувам, бидејќи е максимално посветен на обврските со репрезентацијата“, додаде Паратичи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии

Проверете

Милан вчера прекрши едно правило во Серија, но ќе помине без казна

Милан случајно го прекрши реткото правило во Серија А откако Мајк Мањан беше заменет порад…