Дома Фудбал Англија Тотенхем – Манчестер Сити: Реклама за фудбал на „Вембли“!

Тотенхем – Манчестер Сити: Реклама за фудбал на „Вембли“!

10-то коло во Премиер лигата вечерва се затвора со големото дерби на „Вембли“ помеѓу Тотенхем и Манчестер Сити.

Дуел на два тима кои играат најдопадлив фудбал на Островот и притоа се на самиот врв на табелата, па сигурно не очекува возбудлив меч. „Спарси“ му го нанесоа првиот пораз на Гвардиола во Англија, но минатата сезона „граѓаните“ два пати го победија Тотенхем во Премиер лигата и постигнаа по три гола.

Тотенхем без засилувања со најдобар старт


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Многу полемика создаде фактот што Тотенхем не донесе ниту едно засилување во летниот предоден рок, навивачите беа скептични, но „Спарси“ го запишаа најдобриот старт во Премиер лигата и собраа 21 бод во првите девет кола. Меѓутоа, горчлив вкус оставаат нивните слаби резилтати во Лигата на шампиони, каде останаа само теоретски шанси за излез од групната фаза.

Сепак и покрај повредите и отсуството на важни играчи Тотенхем заостанува само два бода од Манчестер Сити, кој беше лидер на табелата пред ова коло. Притоа во добро расположение го пречекуваат шампионот бидејќи победија на последните четири меча во Премир лигата. Деле Али и Дени Роуз се под знак прашалник за овој меч, додека Вертонген сигурно ќе го пропушти дербито.

Шампионот пред најсериозниот тест сезонава

Манчестер Сити и оваа сезона покажува вискои стандарди во Премиер лигата, но да се остане на врвот е секогаш потешко отколку да се освои истиот. „Граѓаните“ после победите на Челзи и Ливерпул паднаа на третото место на табелата, па ова за нив ќе биде најсериозен тест да ги потврдат своите шампионски амбиции.

Тимот на Гвардиола е без пораз на последните седум меча во сите натпреварувања и навистина во импресивна форма. Доволно говори фактот дека на четири од последните пет гостувања „граѓаните“ постигнуваа најмалку по два гола. Добра вест е дека најголемата ѕвезда Кевин де Брујн се опорави од повредата и ќе биде на располагање за овој меч.

Веројатни состави:

Тотенхем: Лорис, Трипие, Алдервајлед, Санчез, Дејвис, Даер, Дембеле, Ламела, Ериксен, Лукас Моура, Кејн.

Манчестер Сити: Едерсон, Вокер, Компани, Лапорте, Менди, Де Брујн, Фернандињо, Давид Силва, Бернардо Силва, Агуеро, Стерлинг.

Целосниот текст прочитајте го на специјализираниот портал kladenje.mk

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Баерн го доби дербито, Сити заборави да победува

Манчестер Сити продолжи со серијата на лоши резултати, Баерн Минхен со минимална победа го…