Тотенхем ќе го откупи во целост договорот на Дејан Кулушевски од Јувентус на крајот на сезоната, потврди еминентниот новинар Фабрицио Романо.
Ако играчот запише 20 настапи оваа сезона и Тотенхем избори пласман во ЛШ, тогаш „спарси“ треба задолжително да ја платат сумата од 35 милиони евра.
Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓
Меѓутоа, и ако не бидат исполнети овие услови Тотенхем донесе одлука да ја активира опцијата за откуп на 22-годишниот шведски репрезентативец.
Кулушевски во јануари оваа година се пресели во Тотенхем на 18-месечна позајмица и веднаш се вклопи во тимот на Конте. Тој игра одлично од почетокот на сезоната и Тотенхем сигурно ќе го откупи неговиот договор.