Хари Кејн на големо се поврзува со заминување од Тотенем, а англискиот репрезентативец е во преговори со Баерн Минхен.
Договорот на Кејн со Тотенхем има важност уште една година и засега не е познато дали ќе се пресели во Минхен и каков исход ќе имаат преговорите, но во Лондон размислуваат и за негов наследник.
Вардар сигурен, Шкендија има шанси, Силекс и Работнички тешко! ↓↓↓
Медиумите на Островот пренесуваат дека фудбалерот, на Лил Џонатан Дејвид би можел да биде напаѓачот кој би го наследил англискиот репрезентативец во Лондон.
Интерес за Дејвид има и од други клубови, како Њукасл, Челзи и Милан, а претседателот на Лил најави дека Дејвид ќе ги почне подготовките, меѓутоа вратата за негов трансфер е отворена. Сепак, потенцираше дека нема да го продава по секоја цена.