Напаѓачот на Атлетико Мадрид, Фернандо Торес зборуваше за ситуацијата на својот соиграч Антоан Гризман кој на големо се поврзува со заминување од клубот.
„Гризман е со нас и уживаме со него. Би сакал да остане во Атлетико бидејќи во овој клуб играат фантастични фудбалер, на него е да одлучи дали сака да остане, зборуваше Торес.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Освојувачот на две европски и едно Светско првенство со Шпанија истакна дека би сакал да остане во Атлетико до крајот на кариерата, но дека тоа не зависи само од него.
„Би сакал да останам во Атлетико засекогаш, имам договор кој истекува за половина година. Што и да се случи нема да дозволам конфликт со Симеоне со кого имам фантастичен однос. Малата минутажа е реалност, а единствениот начин да да ја зголемам е со работа“, изјави напаѓачот кој оваа сезона постигна еден погодок на 11 натпревари.