Дома Топ вести Толку од Саудиска Арабија: Нејмар сака кај друштвото од Барселона?!

Толку од Саудиска Арабија: Нејмар сака кај друштвото од Барселона?!

Саудискиот Ал Хилал плати огромна сума да го доведе Нејамр кој потоа тешко се повреди, а изгледа и дека повеќе не му се игра во Саудиска Арабија.

Дел од светските медиуми денеска пренесуваат дека Нејмар на неговите менаџери им соопштил дека сака да го ослободат од договорот со саудискиот клуб.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Наводно, Бразилецот веќе има идеја и каде би продолжи – Интер Мајами!

Интер Мајами веќе доведе неколку поранешни соиграчи на Барселона. По Меси пристигнаа Суарез, Жорди Алба и Серхио Бускетс, а сега на ова друштво би можел да им се придружи и Нејмар.

Засега веројатно нема ништо конкретно, меѓутоа се тврди дека токму собирот со поранешните соиграчи и добри пријатели за Нејмар е главниот мотив да се пресели во МЛС клубот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…