Дома Трансфер зона Толисо пред трансфер во Тотенхем

Толисо пред трансфер во Тотенхем

Плејмејкерот на Баерн Минхен, Корентин Толисо е блиску до трансфер во Тотенхем, пренесува „Калчомеркато“.

Спортскиот директор на „спарси“, Фабио Паратичи веќе подолго време ги следи настапите на Французинот и започнал преговори со неговиот агент.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Толисо влезе во последната година од договорот и откако стана јасно дека нема да ја продолжи соработката со Баерн, за него интерес покажаа неколку европски гиганти меѓу кои Атлетико Мадрид, Јувентус, Интер и Рома.

Меѓутоа, Тотенхем сака да ја победи конкуренцијата и е блиску до договор со играчот, кој на лето ќе биде слободен агент.

Толисо пристигна во Баерн во 2017 година, а оваа сезона запиша шест настапи на кои постигна 1 гол и 1 асистенција.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…