Дома Фудбал Останато Тимот на Ристовски со комичен пенал во 92 минута стигна до победа (ВИДЕО)

Тимот на Ристовски со комичен пенал во 92 минута стигна до победа (ВИДЕО)

Тимот на македонскиот фудбалер Стефан Ристовски, Спортинг во вчерашниот натпревар оствари победа на гостувањето кај Боависта.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Натпреварот беше навистина интересен, а на крајот видовме три гола и многу драма.

Домашниот тим прв стигна до предност, но гостите со автоголот на Еду Мачадо стигнаа до изедначување.

Победата на гостите ја донесе Бруно Фернандеш во 92-та минута од пенал кој во најмала рака беше дискутабилен.

Гостинскиот играч падна во шеснаесетникот после еден дуел, а судијата наседна на неговата сиумулација и покажа на белата точка.

Ристовски ги одигра сите 90 минути за Спортинг кој во овој момент се наоѓа на четвртата позиција во португалското првенство со 52 освоени бодови.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Се пензионираше најстариот играч кој беше дел од Мундијалот

Најстариот фудбалер на тековното Светско првенство што се одржа во Америка, Канада и Мекси…