Македонската фудбалска репрезентација денес е хит во цела Европа, откако синоќа оствари историска победа против Германија во Дуизбург.
Пандев и Елмас беа стрелци на головите, но меѓу „хероите“ на нашата победа е и Тимо Вернер, кој промаши чиста шанса.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Социјалните мрежи денес се преполни со шеги за Вернер, па се појави една фотографија на која Германецот доби македонска лична карта поради промашувањето.
Некои од коментарите се дека Ангеловски треба да размисли да го повика на Европско првенство.