Овој викенд на програмата ќе ги имаме репрезентациите кои силата ќе ја мерат во рамките на Лигата на нации. Ова е нашиот предлог тикет за денес.
Унгарија – Холандија – 2 @ 1.62 во Mozzart
Унгарија се наоѓа на последното место на табелата во третата група од Лигата А. Тие во првите две кола запишаа еден пораз и едно реми, па оправдано се наоѓаат на дното. За противник ја имаат селекцијата на Холандија која игра фантастично во последно време. Тоа го докажаа и на изминатото европско првенство, а исто така ги видовме во одлично светло и во првите две кола од Лигата на нации. Ние овде очекуваме Холандија да победи и типуваме 2 со квота 1.62 во Mozzart.
Чешка – Албанија – 1 @ 1.70 во 22Bet
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Селекцијата на Чешка, после релативно лошите изданија, во последниот натпревар конечно запишаа победа. Тие со резултат од 3-2 ја надиграа селекцијата на Украина и ги зедоа првите три бода во новото издание од Лигата на нации. За противник овој пат ја имаат Албанија. Гостите може да кажеме дека не се во кој знае каква форма, а исто така во лошо издание ги видовме и на ЕП, но сепак треба да имаме на ум дека имаа многу тешка група. На овој дуел, веруваме дека Чесите ќе ги земат трите бода и типуваме 1 со квота 1.70 во 22Bet.
Дери Сити – Бохемианс – 1 @ 1.62 во Bet365
Дери Сити е на 3-то место со 50 бода и има реални шанси за да се бори за пласман во европските купови. Сепак во последните три кола како да потфрлија и немаат победа, поточно во тој временски период запишаа два порази и едно реми. Бохемианс од друга страна е на 8-та позиција со 36 бода и овој тим нема никакви шанси за поголем успех, а единствена цел им е да обезбедат директен опстанок. Ние овде веруваме дека Дери Сити ќе доминира и затоа одлучивме да типуваме 1 со квота 1.62 во Bet365.
ВКУПНО КОЕФИЦИЕНТ ЗА ОВОЈ ТИКЕТ ВО Bet365: 4.46
Извор: Тикет на денот од Kladenje.mk