Нашата редакција и денес ќе им помогне на љубителите на обложувањето со неколку предлог типови од он-лајн обложувалницата Coinbet24.com.
Венеција – Перуџа 1
Венеција шампионатот го заврши на 5-то место и беше најголемото изненадување во Серија Б. Тимот под водство на Инзаги игра прагматичен фудбал без многу голови и ретко губи бодови на домашен терен. Перуџа успеа да стигне до плеј-офот, иако во последно време игра лошо. Нема победа на последните 6 меча и неодамна го промени тренерот. Поради тоа нашиот предлог е Тип 1, а коефициентот во Coinbet24 изнесува 2.22
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Саудиска Арабија – Перу 2
И за двете репрезентации овој дуел ќе биде генерална пробар пред Светското првенство. Саудиска Арабија игра променливо и на послдните четири пријателски меча запиша два порази и две победи. Има ефикасен напад и на послдните 6 меча само еднаш не постигна гол. Перуанците се во одлична форма и немаат пораз на последните 8 меча. Победија на последните три пријателски меча против европски репрезентации и се фаворити во овој меч. Поради тоа нашиот предлог е Тип2, а коефициентот во Coinbet24 изнесува 1.59
Бразил – Хрватска 3+
Ова е можеби најголемиот тест за Бразил пред почетокот на Мундијалот. Натпреварот се игра на неутрален терен и ние веруваме дека ќе биде ефикасен. Бразил е фаворит, но „коцкестите“ се опасни и веруваме дека ќе постигнат барем еден гол, Поради тоа нашиот предлог е „повеќе од 2,5 гола“, а коефициентот во Coinbet24 изнесува 1.99
Види ги останатите типови на Kladenje.mk.