Претходната сезона не ја помина во Челзи, но денес не заборави јавно да му се заблагодари на Антонио Конте за се што направија заедно.
Веста која се чекаше веќе некое време денес беше и потврдена, Антонио Конте го заврши својот мандат во Челзи.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Италијанецот го напушта Челзи после две сезона и со два освоени трофеи, а малкумина се оние на „Стенфорд Бриџ“ кои чуствуваат тага што Конте заминува.
Во моментите кога навивачите со нетрпение чекаа да му го видат грбот, а тоа слободно може да се каже и за дел од играчкиот кадар, поранешниот капитен Џон Тери покажа дека го почитува она што Конте го направи во Челзи.
„Ти благодарам шефе. Голем човек, голем тренер. Ти посакувам многу успех во иднината“, напиша Тери со фотографија на која се наоѓа заедно си италијанскиот стратег.