Дома Фудбал Англија Тен Хаг како да не гледа што се случува: Ќе имаме успешна сезона!

Тен Хаг како да не гледа што се случува: Ќе имаме успешна сезона!

Додека добива критики од сите страни, Ерик Тен Хаг е убеден дека ќе успее да ги сврти работите во Манчестер Јунајтед во своја корист.

Притисокот врз холандскиот стратег е голем по лошите резултати и фановите бараат отказ. Но, Тен Хаг и понатаму е убеден дека сезоната која не ја започна добро ќе биде успешна за Манчестер Јунајтед.


Второ коло во ЛШ: Најголемото дерби се игра во Лондон! ↓↓↓


„Ќе имаме успешна сезона. Ништо не е лесно, не сум во паника, верувам дека ќе ги решиме сите проблеми. Овој тим е способен да излезе од оваа ситуација. За токаз не размислувам, не сум анкциозен. Со сите во клубот постигнавме заедништво и стоиме зад тоа. Знаеме дека станува збор за транзиционен период. Секогаш во последните шест сезони освојував трофеј, целиме кон тоа и оваа“, изјави Тен Хаг.

Манчестер Јунајтед од почетокот на сезоната во Премиер лигата во шест кола веќе има три порази и тоа секако не е старт каков што навивачите очекуваа.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Дерби на денот: Германски тест за „старата дама“

Денес продолжуваат натпреварите во Лигата на шампиони, а ние за вас ќе го анализираме дуел…