Легендарниот Карлос Тевез после имресивната кариера како фудбалер сега е тренер на аргентинскиот Индепендиенте.
Во разговор со новинарите, славниот напаѓач откри со каков проблем се соочувал во клубот.
Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
„Тројца играчи ми рекоа дека не знаеле да собираат или одземаат кога играле во прва лига. Тоа е сиромаштија. Можеме да им донесеме храна, да им помогнеме со многу работи, но образование… Тој мора да знае како да се брани, како да чита што потпишува. Работиме на проект во клубот кој ќе им обезбеди наставник кој ќе помине два часа со нив после тренинг“, рече Тевез.
Тевез имаше богата фудбалска кариера, тој е дете на Бока, а потоа играше за Вест Хем, Манчестер Јунајтед, Манчестер Сити и Јувентус.