Дома Македонски спорт Мак фудбал ПМФЛ: Тасев подари гол на Скопје, па Емини возврати со два еврогола – „лавовите“ во серија победи! 🎥

ПМФЛ: Тасев подари гол на Скопје, па Емини возврати со два еврогола – „лавовите“ во серија победи! 🎥

Македонија Ѓорче Петров забележа победа во дуелот против Скопје (1:2) со кој беше отворено 14. коло во македонската прва лига.

Во првото полувреме иако видовме по некоја шанса на двете страни голови немаше. Јашаровски во 58. минута го доведе Скопје во водство откако голманот на гостите киксираше.

Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓


Меѓутоа расположен за удари од делечина денес беше Емини. Прво мајсторски изведе слободен удар во 67. минута, а потоа десетина минути подоцна по една украдена топка постигна можеби и уште поубав погодок.

Со овој триумф момците на Муарем Бајрами влегуваат во серија од три победи откако претходно славеа со Пелистер и Шкупи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Агрегаторите да ги почитуваат авторските права на интернет порталите, преземањето на содржините како до сега е неприфатливо

Интернет порталите изразуваат спремност за разговор и договор со агрегаторите, но потпишаа…