Taндемот на Баерн Минхен Левандовски – Гнабри влезе во историјата на Лигата на шампионите како најдобар во најелитното клупско натпреварување.
Гнабри и Левандовски успеаа да го надминат бројот на голови на тандемот на Реал Роналдо – Бејл. Оваа сезона во Лигата на шампионите која е скратена Гнабри и Левандовски постигнаа 24 гола, Роналдо и Бејл во сезоната 2013/14 вкупно реализира 23 погодоци.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Треба да се спомене дека Гнабри и Левандовски успеаа да го срушат рекордот со два натпревари помалку затоа што во четвртфиналето и полуфиналето се играше по еден натпревар.
Оваа бројка Гнабри и Лева ќе имаат шанса да ја подобрат во недела кога од 21:00 часот се игра финалето во Лисабон.