Дома Останати Кошарка Таму ќе ја заврши кариерата: Пол Пирс потпиша за Бостон

Таму ќе ја заврши кариерата: Пол Пирс потпиша за Бостон

Бостон Селтикс објави дека договориле соработка со Пол Пирс. Тој кариерата ќе ја заврши во Бостон, тим во кој мина 15 години.

„Голема чест ни преставува фактот дека Пол одбра да се пензионира во дресот на Селтикс. Тој е еден од најдобрите во историјата на франшизата, на теренот и нафвор од него“, стои во клупското соопштение.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Пирс самиот истакнал дека воопшто немал дилема каде ќе ја заврши кариерата.

Пол Пирс со Бостон во 2008 година ја освои шампионската титула и беше прогласен за МВП на финалната серија.

Покрај Бостон, Пирс има настапувано за Вашингтон, Бруклин и ЛА Клиперс. Во кариерата има просек од 19,7 поени, 5,6 скока и 3,5 асистенции по натпревар.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Јокиќ нападна соиграч: Ако не си посветен, немој да се занимаваш со спорт

Никола Јокиќ, кошаркарот на Денвер Нагетс, не користеше баш избрани зборови за Мајкл Порте…