Дома Фудбал Останато Тажни вести: Почина поранешен фудбалер на Базел на само 34 години

Тажни вести: Почина поранешен фудбалер на Базел на само 34 години

Тажни вести ни пристигнуваат денес од светот на фудбалот.

На само 35-години згасна животот на поранешниот фудбалер на Базел, Тун, Луцерен и Арау. Николас Шинделхолц беше дете на Базел и ги помина сите младински категории.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Тој ја загуби битката со ракот на белите дробови, а трагичната вест ја потврди Базел преку социјалните мрежи.

„Базел тагува по загубата на Николас Шинделхолц. Поранешниот наш капитен на У21 тимот почина од рак на само 34 години. Шокирани сме од оваа вест и искажуваме искрено сочувство до неговото семејство. Почивај во мир, Нико“, стои во објавата на швајцарскиот вицешампион.

Станува збор за фудбалер кој играше на позицијата стопер и десен бек. Најголем белег остави во дресот на Тун, во овој клуб помина осум години и во тој период одигра 136 натпревари на кои имаше четири гола и четири асистенции.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Барса го „блиндира“ Јамал со клаузула од 1 милијарда

Младата ѕвезда на Барселона Ламин Јамал е блиску до потпишување нов договор со клубот, обј…