Швајцарскиот тенисер Роџер Федерер ќе се врати на турнирите оваа година.
Федерер сигурно ќе учествува пред домашната публика на турнир серијата 250 во Базел која се игра во октомври оваа година. Меѓутоа не е познато дали Швајцарецот ќе настапи и на некои од турнирите кои се играат порано.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Последен пат Федерер играше на Вимблдон минатата година кога стигна до четвртфиналето каде што изгуби од Хуберт Хуркач.
Инаку Федерер во своето родно место освои дури 10 титули, вклучувајќи и ја последната од своите 103 во кариерата.